Живот
23. јуни 2016 - 21:12

Хорор: Во налет на торнадо во Кина загинале 78 лица

Најмалку 78 лица загинаа, а 500 се повредени во силно торнадо и бура кои го зафатија источното предградие на кинескиот град Јанченг, оштетувајќи згради, корнејќи дрвја и превртувајќи возила.

Торнадото го погоди густо населеното подрачје во близина на Јанченг во провинцијата Џангсу, околу 800 километри јужно од Пекинг.

kina tornado1

Меѓу повредените, 200 се наоѓаат во критична состојба.

kina tornado2

kina tornado3