Македонија
1. October 2017 - 14:37

Хорор во Македонија: На улица нашол череп и вреќа со коски

Вистински хорор ја потресе Македонија откако вчера во 14 часот и 30 минути, 43-годишниот А.С. од Германија кој престојувал во Берово, додека се движел на местото Црвен Брег, во близина на депонијата, нашол човечки череп.

Тој повикал полиција, а во близина тие пронашле и вреќа со коски кои наликувале на човечки.

Полицијата работи на случајот.