Македонија
16. February 2018 - 13:54

Хорор во Маџари - прегазено девојче, со тешки повреди пренесено во Градска

На крстосницата од улиците „Маџари“ и „Финска“ во Скопје, вчера во 15:20 часот патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од село Сингелиќ удрило во пешак, 15-годишно девојче од Скопје.

По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.