Свет
27. November 2018 - 15:29

Хорор во Израел: Невидено брутално самоубиство, се фрлил под воз, па покосил двајца патници на станицата

Бизарно и брутално самоубиство се случило на железничката станица Бејт Јехошуа во истоименото место во Израел.

Човек на возраст од 30-тина година вчера скокнал под воз кој доаѓал, но возот го отфрлил, па одлетал и покосил двајца патници што чекале на станицата.
 

„Кога дојдовме на самото место, бев шокиран од глетката на платформата. Човек на свои 30 години лежеше со многу тешки повреди. Не даваше знаци на живот, па го прогласивме за мртов на место“, вели болничарот Оријан Лукач, кој со возило на Итна помош веднаш стигнал на таа станица по инцидентот.

„На платформата седеше друг човек, стар 46 години, кого самоубиецот го покосил. Беше свесен, но на главата и телото имаше убоди. Го обработивме и го префрливме во болница“, додаде тој.