Свет
1. July 2018 - 20:34

Хорор во Индија: Пронајдени 11 тела како висат од покрив на зграда, со превез на очите, смртта е мистерија за полицијата

Полицијата во Њу Делхи пронајде 11 тела, а причините за смртта се уште се истражуваат.

10 се пронајдени како висат од покривот на зградата со превези преку очите. Еден од полицајците рече дека повеќето трупови се од исто семејство, а дека еден од починатите живеел во селото Бурари на северот од индиската престолнина.

Телата се испратени на обдукција. Полицијата истражува дали во прашање е самоубиство или убиство, но не е пронајдена порака, наведуваат од таму.

Полицијата соопшти дека на телата на починатите не се пронајдени прострелни рани.