Свет
18. November 2019 - 13:24

Хорор во Франција: Се урна мост, загина 15-годишно девојче кое било во автомобил со родителите

Едно 15-годишно девојче загина кога денеска се урна висечки мост преку река во југозападот на Франција, кога автомобил и камион паднаа во вода, соопштија локалните власти.

Четири лица се спасени, но се стравува дека има исчезнати по падот на мостот северно од Тулуз, соопшти локалната противпожарна служба.

Мостот ги поврзувал градовите Мирпоа-сур-Тар и Бесиере, на југозападот од Франција, пренесува Дејли Мејл.

Како што се наведува, 15-годишното девојче во моментот на рушењето на мостот било во автомобил со родителите. Телото на девојчето е извлечено од вода, а нејзината мајка е спасена.

Повеќе од 60 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи и 40 полицајци учествуваат во потрагата по преживеани, но се верува дека има и неколку исчезнати лица.