Живот
23. November 2018 - 15:32

Хорор во Франција: Не сакало да напише домашна задача, 9-годишно дете брутално претепано до смрт од братот и сестрата

Деветгодишно дете од Франција почина откако го претепале членови од семејството, затоа што не сакал да ја напише домашната задача.

Како што пренесуваат француските медиуми, поради ужасното злосторство се уапсени мајката на детето, неговата 20-годишна сестра и 19-годишниот брат како и девојката на братот.

Ужасното злосторство се случило во градот Милуз, а семејството е уапсено во средата.

Иако мајката не била дома кога детето е убиено, приведена е поради испитување.

Околностите за случајот не се познати до крај, но истражителите веруваат дека детето е претепано зошто одбило да ја напише домашната задача.

„Итна помош повикале братот и сестрата, кои рекле дека детето не се чувствува добро, но медицинските икипи не можеле да го спасат. Обдукцијата утврдила дека детето умрело веројатно поради брутално претепување“, соопшти француската полиција.