Свет
12. December 2017 - 11:03

Хорор во Австрија: Едно лице загина, а 18 се повредени при експлозија во терминал за природен гас

Полициски и спасувачки екипи се упатуваат кон големиот терминал за природен гас Баумгартен во источна Австрија, каде утринава била забележана силна експлозија. 

Според германската новинска агенција ДПА, едно лице загинало во експлозијата, а 18 се повредени. Претходно, руската агенција ТАСС јави дека има 60 повредени во експлозијата.

Се уште не е позната причината за експлозијата.

баумгартен експлозија

Локалните медиуми и очевидци објавуваат фотографии од местото на настанот, каде се гледа висок столб на оган и чад како се дига над земјата.

Баумгартен е клучен терминал и центар за складирање на природен гас во овој дел на Европа. До терминалот се доставува руски природен гас преку гасоводи кои минуваат низ Украина, Белорусија и Словачка, а од Баумгартен се издвојуваат гасоводи кон Италија и Германија.