Бизарно но вистинито
8. May 2016 - 19:00

Хорор: Украл змија и ја скрил во панталоните

Еден маж во САД се обидел од продавница за домашни миленици да украде бебе питон коешто го скрил во своите панталони, но планот му го расипале вработените во продавницата кои необичната сцена ја воочиле на снимката од надзорната камера.

Влегувајќи во продаvницата за животни во Сент Питерсбург на Флорида, Тревис Тридер ја отворил вратичката на вивариумот и го извлекол младиот питон, а потоа дискретно ја уфрлил во своите панталони, и тоа не му било првпат, пренесува француската телевизија БФМ.

Вработените во продавницата, кои во службената просторија набљудувале што се случува пред вивариумот со змиите, велат дека одлучиле да почекаат неколку минути и да видат што крадецот следно ќе направи.

– Очигледно, ни је зеде најскапата змија – истакнал Стив Силк, сопственикот на продавницата.

Кога нетрпението достигнало кулминација, најкрупниот меѓу персоналот тргнал в пресрет на крадецот за да се обиде да го вразуми, но тој се обидел да побегне. Вработените сепак успеале да го задржат и повикале полиција. Силк рекол дека вработените последните месеци забележале како змиите им исчезнуваат откако Тридер ќе влезе во продавницата.

Во текот на изминатите девет месеци, Тридер од истата продавница за животни, украл два питони, кои потоа ги продал преку интернет.