Живот
4. December 2015 - 11:19

Хорор: Свекрвата ја избодела снаата зошто имала секс со нејзиниот син

Даница Илиќ (65) од Медошевац кај Лазаревац со месарски нож ја избодела својата снаа Станислава Јовановиќ (36).

Разулавената свекрва е уапсена, додека снаата Станислава е префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност.

Синот на Даница и сопруг на Станислава, Владан Илиќ за српски Курир вели дека неговата мајка и невенчаната сопруга често се карале. Меѓутоа воопшто не насетувал дека Даница е подготвена со нож да ја нападне Станислава.

Ја удирала снаата со железна рачка

-Отидов по дрва во шупата и од куќата слушнав викање и кршење. Влетав внатре и не можев да им верувам на очите. Тие двете се тепаа, а мајка ми имаше нож во рацете. Левата рака на Станислава беше крвава, а усната потечена. Мајка ми ја удрила Станислава со железна рашка по уста, а со месарски нож ја избодела три пати во левото рамо. Крв имаше на сите страни, а скршен беше и еден прозорец, вели потресенио Илиќ.

Тој додава дека успеал некако да ги раздвои скараните жени и да ја смири ситуацијата.

-Сакав Станислава веднаш да ја водам на лекар, но ми рече дека и добро и дека сака да се одмори. Мајка ми ништо не ми рече, објаснува Владан.

Според неговите зборови, до судир дошло затоа што тој и Станислава немале мир од мајката никаде.

-Мајка ми неколку пати влегуваше во нашата соба додека со жената имав сексуален однос, тоа ја нервираше, а и сметаше и на Станислава. Последен пат ни влета во соба пред три дена. Поради тоа и се скараа, вели невенчаниот сопруг на избодената жена.

Живееле заедно

Илиќ додава дека него и неговата невенчана сопруга мајката пред неколку години ги изфрлила од куќата и живеел сами на друго место се до поплавите.

-По поплавите, мајка ми која до тогаш беше кај мојот брат, се врати да живее со нас. И дадовме кров над глава, а таа сака да ми ја убие жената. Не сакам повеќе никогаш да ја видам - вели Илиќ.