Хорор: Петорица другари ја повикале на пијалак па ја силувале
Под сомнение дека во вторникот извршил обљуба над девојката С.П. (27) со пречки во развојот, новопазарската полиција ги уаспи Хасиб М.(45), Едиб М.(43), Асмир И. (20), Нухију Б. (28) и Едис Д. (29). Како што е соопштено силувањето се случило во домот на најстариот од нив, кој прославувал роденден.
-Девојката претходно тој ден била во посета на семејство во нивното соседство и кога тргнала кон дома, тие ја повикале да им се придружи на прославата и со нив да испие пијачка. Бидејќи се работи за девојка со пречки во развојот, таа се согласила, а тие ја однеле во соба и ја силувале, велат од полицијата.
Во средата наутри, несреќната девојка случајот го пријавила во полиција, но не се сеќавала на деталите, ниту во која куќа точно се случило силувањето.
Сепак полицијата го пронајде објектот, во кој е затекнато едно од петте осомничени лица, а потоа се уапсени и останатите четворица. Се бранат дека не ја присилиле на секусални односи, иако станува збор за лице со посебни потреби, кое не можело трезвено да размислува во тој момент, а обвинителот случајот го окарактеризира како обљуба над немоќно лице.
На сите им е одреден притвор од 48 часа, при што ќе бидат сослушани во вишото јавно обвинителство, кое ќе одлучи што понатаму.
Од уапсените се земени ДНК примероци, како и примероци од крветот и останатите работи од собата каде е извршено силувањето.
Силуваната девојка неодамна останала без мајка, па живеела со таткото и братот во една од населбите во Нови Пазар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација