Живот
22. January 2016 - 9:05

Хорор: Пет деца пронајдени мртви во замрзнувач

Пет деца на возраст од три до седум години се пронајдени мртви во замрзнувач во јужноафриканскиот град Какмас.

Како што наведуваат тамошните медиуми, децата ги пронашла нивната баба. Се верува дека децата, кои биле во блиско сродство, починале како последица на гушење/

Наводно, дечињата играле во стариот замрзнувач кој се наоѓал во дворот, кога случајно останале затворени во него.

Полицијата покренала истрага, а како што потврдија, децата биле во сродство.