Свет
3. July 2017 - 10:13

Хорор на автопат: Се судрија и запалија автобус и камион, 31 повреден и 17 исчезнати

Германската полиција соопшти дека денеска 31 лице се повредени, а 17 се водат за изчезнати кога на автопатот се запали автобус по судар со камион.

Во автобусот имало 46 патници и двајца возачи. На самото место набрзо дошло амбулантно возило и хеликоптери со кои се транспортирани повредените. Автопатот А9 е затворен поради несреќата.

Сударот се случил во близина на Минхберг во Баварија.