Бизарно но вистинито
20. October 2015 - 16:55

ХОРОР: Му ја отвориле ногата и се шокирале како никогаш до сега!

Сем О'Саливен е еден од ретките луѓе кои успеале да го преживеат нападот на оваа бактерија.
 
Пеколен дел од животот преживеал австралискиот фудбалер, а она што го преживеал за докторите е вистинско чудо. Овој 24 годишен фудбалер е еден од ретките луѓе кои го преживеале нападот на оваа смртоносна бактерија.
 
Фудбалерот веќе никогаш нема да игра фудбал, но е среќен поради тоа што останал жив. Пробал да ја игнорира болеста на почетокот но се до минатиот септември.
 
- Една недела имав страшни болку во нозете и морав да одам во болница. Првите неколку дена неможеа ништо да ми најдат, а мојата состојба се влошуваше се повеќе - рекол О'Саливен.
 
- Кога ми ја отворија ногата се шокираа како никогаш во животот. Ногата цела ми беше во гној. Телошто ми доживеа шок и паднав во кома.
 
Следела дијагноза - "некротизирачки фасциитис" или "некроза на сврзната мембрана". Ова е ретка болест која предизвикува смрт, но  О'Саливен имал среќа благорадение на операцијата.
 
- Бактеријата го изела горниот слој од мојата нога и добар дел од мускулот. Десната нога ми е потполно реконструирана. И понатаму неможам да се подигнам, но се надевам дека ќе можам за неколку месеци. Свесен сум дека ова е чудо и дека сум имал среќа. Можеби ќе почнам да играм и лото - низ насмевка завршил  О'Саливен.