Македонија
8. November 2016 - 17:24

Хорор ја стресе Македонија: 59-годишен маж извршил полов напад врз 6-годишно девојче

На 07.11.2016 година во полицикса станица во Свети Николе од страна на родителите е пријавено дека над нивната шестгодишна ќерка од светиниколско село, биле извршени полови дејствија, во текот на месец октомври.
 
Додека девојчето било во дворот од нивната куќа, поминал М.П (59) од истото село кој ја повикал со него за да и даде батериски ламби и радио да си игра. Бидејќи биле соседи девојчето отишло и седнало на еден од креветите во просторијата која се наоѓала во близина на нејзиниот дом.
 
Веднаш потоа М.П. започнал да врши полови дејствија, по што девојчето се исплашило и побегнало дома. Од страна на полициски службеници М.П. е приведен во ПС Свети Николе, а по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.