Свет
11. July 2017 - 8:25

Хорор: Авион на американските маринци експлодираше во воздух - 16 мртви

Шеснаесет лица загинаа откако американски воен транспортен авион се урна во сојузната држава Мисисипи, соопштија локалните власти.

Авионот КС-130 на воената морнарица на САД се урнал на околу 120 километри северно од градот Џаксон, во делтата на реката Мисисипи.

Остатоците од авионот се распрснати во радиус од неколку километри, а пребарувањето на реонот проложило и во текот на ноќта.