Свет
8. February 2020 - 11:22

Хонг Конг воведува задолжителен карантин за сите што доаѓаат од Кина

Во Хонг Конг е воведен задолжителен карантин за секое лице кое доаѓа од Кина, во настојувањето да се намали ширењето на смртоносниот коронавирус.

Туристите морат да бидат изолирани во хотелските соби или да заминат во прифатните центри на владата, додека жителите на Хонг Конг кои се враќаат од Кина мораат да останат во своите домови.

Лицето кое ќе го прекрши ова правило може да се соочи со парична казна или дури му се заканува и казна затвор, пренесе Би-Би-Си.

До стапувањето во сила на ова правило, на полноќ, илјадници туристи беа во пограничното пристаниште Шенжен, додека утринава само мал број граѓани пристигнаа оттаму со брод.

Во Хонг Конг досега се потврдени 26 случаи на заболени од вирусот, а едно лице почина.

Во Кина, пак, досега се регистрирани 34.546 заболени, а 722 лица починаа од последици на коронавирусот.