Живот
9. January 2018 - 8:28

Холивудски ѕвезди со највисок коефицинет на интелигенција

Никол Кидман, Мет Дејмон, Лиса Кудроу, Шерон Стоун, Џејмс Франко и Натали Портман се само некои од славните личности кои имаат над 130 коефициент на интелигенција (IQ).

Ештон Кечер, Мет Дејмон и Квентин Тарантино имаат 160 коефициент на интелигенција, колку и познатите физичари Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Дејмон студираше на Харвард, но не заврши. Нацртот за сценариото за филмот „Добриот Вил Хантинг“ го напиша на час по англиски јазик. Додека Тарантино никогаш не заврши средно училиште.

Една од најубавите актерки на Холивуд, Шерон Стоун има 154 коефициент на интелигенција.

Комичарот Стив Мартин има 142 коефициент на интелигенција и студирал философија на Калифорнискиот државен универзитет (Cal State) и сакал да стане професор, но подоцна се префрлил на Универзитетот во Калифорнија (UCLA), каде студирал театар. 

Актерката Наталиу Портман има 140 коефициент на интелигенција. Таа студираше психологија на Харвард, а два нејзини труда се објавени во научни списанија. Таа на Харвард работеше и како истражувач, а зборува и пет странски јазици.