Холандија ја поддржува Македонија во процесот за членство во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп на која била изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија.
- Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум, рече премиерот Заев, соопшти владината прес-служба.
На средбата, како што се наведува во соопштението, е констатирано дека е од голема важност секој граѓанин и политички субјект да ја има предвид и личната одговорност за историскиот момент што отвора економски и безбедносни перспективи за нашата држава и за граѓаните на Република Македонија.
„Во разговорот е изразено очекување дека Македонија ќе продолжи со реформските процеси, посебно во делот на правосудството, што ќе придонесе во евроинтеграцискиот процес. Холандскиот амбасадор во оваа насока најави експертска помош од Холандија за Македонија. Исто така изразено е и очекување дека Македонија во скоро време ќе стане 30-та земја членка на НАТО“, се посочува во соопштението.
Премиерот Заев на средбата му се заблагодарил на холандскиот амбасадор Пломп за принципиелната поддршка од Кралството Холандија на демократските процеси во Република Македонија, вклучувајќи ја и поддршката на принципиелно ниво на актуелниот политички процес значаен за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто