Балкан
6. April 2017 - 21:15

Хоџај: Идејата на Вучиќ за регионален пазар е проруска

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска повторно и се спротивстави на идејата за единствен регионален пазар на Западен Балкан, предложена од Србија, јави косовската телевизија РТК.

Хоџај изјави дека ова е антиевропска идеја, која има за цел засилување на руското влијание во регионот.

Министерот истакна дека Косово е против перспективите за формирање „нова Југославија“, истакнувајќи дека проектот со заедничка држава бил неуспешен, па дури и довел до крвопролевања.

„Единствената опција е евроатлантската ориентација", напиша Хоџај на Твитер.