Македонија
23. October 2020 - 15:49

Хирург од Штип почина од КОВИД-19

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ на својот Фејсбук профил извести дека денеска на 67-годишна возраст од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков.

Имено, ова е деветтата жртва од медицинската фела во оваа ковид пандемија.

Тие апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот.