Фудбал
20. January 2018 - 10:03

Хетахе и Атлетик одиграа без победник 2-2

 
 Воведниот меч од 20.коло на шпанската Ла Лига, меѓу Хетафе и Атлетик Билбао, донесе интересен фудбал, во кој беа постигнати четири гола, а средбата заврши без победник 2-2. 
 
На дуелот одигран на „Колосео Алфонсо Перез“во Мадрид, гостите од Билбао во два наврати имаа предност со головите на Инаки Вилијамс (13.минута) и Раул Гарсија од пенал (48), но домаќините успеаја да освојат бод. 
 
Најнапред, Хорхе Молина во 21.минута од пенал израмни на 1-1, а во 74.минута Анхел ги постави конечните 2-2. 
 
Со овој бод двете екипи напредуваа за по две позиции на табелата на Примера и сега Хетафе е на седмо рангиран, додека Атлетик Билбао застана на десетото место.