Фудбал
18. November 2017 - 17:06

Хетафе убедливо против Алавез

Фудбалерите на Хетафе влегоа во помирни води во шпанското првенство откако убедливо со 4-1го торпедираа Алавез. Победата во првиот дел ја најавија Бергар и Молина додека Анхел со два гола во вториот дел го постави високото водство од 4-0 за домашниот тим. Кристијан Сантос во 81. минута беше стрелец на единствениот погодок за гостите  кои го доживеаја 10-тиот пораз со само две побед во првенството.