Бизнис
13. September 2019 - 16:22

Херитиџ ја рангираше Македонија на врвот на листата најслободни економии во регионот

Македонија е најслободна економија во регионот, објави Херитиџ. Рангирана е на 33 место во светот, со резултат од 71,1. Индексот зема во предвид 4 фактори, владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност  и отвореност на пазарот..Според Херитиџ, земјата е макроекономски стабилна, но перформансите се загрозени  од внатрешната политичка криза. Слабост има кај фискалната политика,  непродуктивните трошења и сивата економија која зафаќа до 45%  од БДП . Премиерот  Заев, согласен е дека евазијата зазема голем дел, но со мерката поврат на ДДВ оочекува намалување на бројките

Намерата е да ги легализираме и парите во кеш што ги даваат голем дел од фирмите на полулегален дури и на законски начин. Сите овие мерки што ги развиваме како Влада се буквално борба против сивата економија, која според нашите проценки е меѓу 20 и 30 отсто, што е многу. Така што земја која има аспирации да биде европска, мора сериозно да се бори не само затоа што буџетот губи, туку затоа што губат и граѓаните, односно сите кои се на легалниот пазар, изјави премиерот Зоран Заев,

Херитиџ препорачува структурни реформи и справување со  корупцијата и гломазната администрација . Во извештајот се наведува дека има здрава законска парвна рамка, но тешко оди спроведувањето на законот, затоа што судвосто не е  независно, а судиите се подложни на политичко влијание. Владата донесе антикорупциски мерки, но политичкото мешање, непотизмот и одолговлекување на судските процеси се уште се присутни.

Инаку според Извештајот, зад нас се  Бугарија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Грција и Србија.

Најслободни економии во светот има во Хонгконг, Сингапур и Нов Зеланд. На дното на листата се Куба, Венецуела  и Кореја.