Свет
27. January 2020 - 11:11

Хеликоптерот во кој загинаа Коби Брајант и неговата ќерка се изгубил во густата магла и удрил в планина - објавена аудио снимка

Светот денес тагува за трагедијата во која животот го загуби еден од најголемите спортисти на сите времиња, Коби Брајант.

Утрово, американските медиуми ги објавија имињата на сите деветмина загинати во големата хеликоптерска несреќа во која загинаа НБА легендата Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

Полицијата потврди дека истрагата уште е во тек, но сите се сомневаат дека главна причина била густата магла. Американски „ТМЗ“ објави и аудио-снимка меѓу контролната кула и пилотот на хеликоптерот.

Пилотот добил предупредување дека условите за лет биле лоши. На снимката се слуша како од контролната кула зборуваат хеликоптерот да кружи 15 минути, па барале излез од ситуацијата.

Хеликоптерот на Брајант наводно планирал да се приземји на аеродромот Бурбанк, но морал да кружи 15 минути додека се расчисти сообраќајот затоа што претходно имало и други хеликоптери кои морале да слетаат.