Џет-Сет
17. August 2017 - 11:10

Хелен Хант и Метју Карнахан раскинаа после 16 години врска

Актерката Хелен Хант и продуцентот и режисер Метју Карнахан ја прекинаа 16 години долгата врска. Двојката и претходно раскинуваше, но се чини овојпат е конечно.

- Хелен неколку месеци живееше одвоено од Метју. Имаа трновита врска со многу подеми и падови. Останаа колку што можеа подолго заедно поради нивната ќерка, изјави извор близок до двојката за списанието Е!

Хант (54) и Карнахан (56) заедно се од 2001 година и имаат 13-годишна ќерка. Карнахан има и 20-годишен син од претходната врска.