Македонија
9. March 2017 - 16:25

Хелбах: Потребно е брзо формирање влада

Германија е на иста линија со комесарот Хан и високиот претставник Могерини и бара брзо формирање влада која ќе биде посветена на спроведување на итните реформски приоритети, порача специјалниот пратеник на германското МНР Кристијан Хелбал. Тој додава дека реформскиот процес е клучен, а на граѓани им требаат нови работни места, социјална сигурност, владеење на правото и ефективни мерки против корупцијата. Дипломатот ги повика партиите да се воздржат од покренување етнички прашања кои создаваат поделби, а кои не се поврзани со овие приоритети.

,,Уверен сум дека Претседателот ќе биде мудар да ги почитува резултатите од неодамнешните избори и ќе му дозволи на мнозинството во Собранието да формира влада што е многу скоро. Собранието мора да биде во можност, по кризата што се пролонгира, да ја преземе својата работа и да го прави тоа што од него го очекуваат луѓето во оваа земја.

Ги повикуваме сите страни да се однесуваат одговорно со цел избегнување на потенцијални тензии. Загрижени сме за негативната реторика кон граѓанските организации и кон меѓународната заедница и ги повикуваме сите страни да се воздржат од таков вокабулар. Последно, но не и помалку важно  би сакал да нагласам дека е од исклучителна важност СЈО да ја продолжи својата работа во соработка со независна и кредибилна судска поддршка.

Дали гледате нешто погрешно во албанската платформа?

Не!’’

Хелбал од партиите бара конструктивна волја за остварување на тие цели. Тој и на средбата со министерот Попоски ја реафирмирал поддршката за Македонија на патот кон НАТО и ЕУ.

Енергијата дома и кај нашите партнери е неопходно да се насочи кон тоа, Република Македонија да добие гаранции дека членството во ЕУ е достижна цел за оваа генерација македонски граѓани, во догледно време, е барањето што до Кристијан Хелбах го упати шефот на македонската дипломатија и вицепремиер Никола Попоски на средбата со специјалниот пратеник на германското МНР.