Балкан
20. October 2015 - 10:49

Хашим Тачи: Во 2016 ќе станам претседател на Косово

Актуелниот косовски вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи јавно ги искажа своите амбиции за функцијата претседател на Косово, јави дописникот на МИА.

Говорејќи за претседателските избори, Тачи нагласи дека можно е актуелната косовска претседателка Атифете Јахјага да се кандидира за резибор, но додал дека е сигурен оти тој ќе стане претседател на Косово во 2016 година.

Претседателката функција на Тачи беше договорена меѓу него и актулениот премиер Иса Мустафа, при договорот за формирање влада.

Мустафа неодамна изјави дека нема да отстапи од договорот, но нов момент настана кога Јахјага најави дека е можно повотрно да се кандидира за шеф на косовската држава

Изборите за претседател на Косово треба да се одржат во јуни идната година. Согласно косовското законодавство, претседателот го бира Парламентот.