Балкан
24. July 2019 - 10:42

Харадинај и Красниќи денеска на распит пред Судот во Хаг

 
Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај и поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Јакуп Красниќи денеска ќе бидат интервјуирани од Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг.
 
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај, кој беше еден од командантите на ОВК во војната во Косово во 1998-99 година, отпатува за  Хаг вчера, четири дена откако поднесе оставка на позицијата премиер на Косово, поради поканата за интервју во својство на осомничен.