Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај и претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД), градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети попладнево потпишаа Договор за заеднички настап на нивните партии на предвремените избори што есенва треба да се одржат во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.
– Денеска сме поподготвени да ги преземе одговорностите по изборите. Имаме две пораки денеска: политичка зрелост и надеж за земјата, изјави Харадинај, порачувајќи дека коалицијата останува отворена за евентуални нови партнери за заеднички настап на изборите.
Од трите партнери во досегашната владејачка коалиција, како добредојдени за соработка за наредните избори Харадинај ги спомна Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на потпретседателите на Владата во оставка Фатмир Лимај и Беџет Пацоли, додека ја изостави Демократската партија на Косово (ПДК) на собранискиот спикер Кадри Весели.
Лидерот на ПСД, Ахмети, потврди дека е постигнат договор за заеднички настап со ААК и информира дека носител на коалициската изборна листа и кандидат за иден премиер ќе биде Харадинај.
– Во оваа битка ние денеска ги обединивме силите за победа на избори со заедничка програма за водење на Владата. Се согласивме да се натпреваруваме со една изборна листа, чиј носител и кандидат за премиер ќе биде Рамуш Харадинај. Деталите за заедничката листа ќе се објават подоцна, меѓутоа местата во неа за нас се од второстепено значење, изјави Ахмети, кој исто така ги повика Нисма и АКР да се приклучат на коалицијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација