Харадинај е убеден дека Косово на крајот на јули ќе има нова влада
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај,номиниран за премиер од редовите на победничката коалиција ПАН, (Демократската партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово),изјави дека во последната недела од јули ќе биде формирана новата влада на Косово.
Харадинај за РТВ Дукаѓини изјави дека на земјата не треба да и се повтори 2014 година,времето кога,според него,имало „блокади на институциите и кога како резултат на тоа над 100 илјади граѓани го напуштија Косово“.
- Јас велам дека Косово ќе има влада во рекорден временски рок. На средбата, ги поканив Движењето „Самоопределување“, Демократскиот сојуз на Косово, Листа српска и пратениците од немнозинскте етнички заедници,кои планирам да бидат дел во извршната -посочи Харадинај.
Претседателот на Косово,Хашим Тачи,претходно изјави дека целосно ќе го почитува Уставот и одлуката на Уставниот суд од 2014 за определување мандатар за формирање нова влада.
- Имам уставна обврска,јас ќе ја почитувам волјата на граѓаните на Косово,но пред се ќе го почитувам мојот уставен и законски мандат и се ќе оди според планраната агенда и законските рамки.Не може да зборувам за денови или недели,но сум убеден дека ќе биде во еден регуларен и рекорден рок,-изјави Тачи.
Тој е оптимист дека институциите на Косово ќе бидат конституирани во рекорден рок.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар