Свет
26. November 2015 - 14:02

Хаос во Катар поради обилни дождови

Во Катар само за неколку часа паднала количина на дожд која инаку паѓа за време на една година, што доведе до поплави во градот и проблем на аеродромот во Доха. 

Поради невремето премиерот сака да покрене истрага за лошата градба на објектот. 

Државната новинска агенција јавува дека пет фирми ќе бидат под истрага која ја покрена премиерот Шеки Абдулах бин Насер бин Калифа ал Тани, кој во Катар исто така е министер за внатрешни работи. 

Дождот го оштети меѓународниот аеродром во Доха кој е дом на „Катар ервејз“. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како покривот обилно протекува, но и покрај тоа летовите се одвиваат нормално во текот на денот. 

Освен тоа, во Доха се поплавени некои улици и продавници. Училиштата и трговските центри се затворени, како и амбасадата на САД.

Водата на одредени места е висока над два метри, а на фотографиите можат да се видат автомобили на кои се гледа само покривот.