Свет
17. November 2019 - 19:18

Хаос во Франкфурт, се судрија авиони на аеродромот - за среќа нема повредени

Авион на јужнокорејската авиокомпанија Кореан Ер се судрил со авион на Ер Намибија по слетувањето на франкфуртскиот аеродром.

Сударот се случил во саботата во 18.20 часот при што се оштетени хоризонтален стабилизатор на корејскиот Боинг 777 и врв од крилото на авионот на Ер Намибија, пренесуваат медиумите.

Како што се наведува, во таа прилика никој не е  повреден.

Франкфуртската контрола на летање утрово потврди дека се случил инцидент, поради што за 21 час е одложен летот за Сеул.