Живот
9. February 2016 - 17:48

Хаос во авион: Не му дозволиле да пуши, па уринирал врз патник

Неименуван маж кој летал од Алжир кон Париз предизвика вистински хаос на летот на „Ел Медитеранеа“ затоа што не му дозволиле да пие и пуши.

Имено, овој патник на изненадување на сите во авионот, прво уринирал врз друг патник, а потоа предизвикал кавга која завршила со тепачка.

За среќа, персоналот брзо реагирал зошто патникот бил многу непристоен па го легнале на подот и го привеле.

Поради овој инцидент, пилотот морал да го приземји авионот во Лион поради што летот доцнел 3 часа.