Балкан
3. February 2016 - 22:49

Хан:Косово треба уште да работи за да добие визна либерализација

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, смета дека Косово досега направило напредок и ги исполнило критериумите дадени од ЕУ,но сепак тие не се доволни за да добие визна либерализација.

Ова,како што пишува елекронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ тој го изнесол на Пленарна седница на Парламентот на Европската унија.

-Треба да  се исполнат уште осум критериуми. Косово работи силно во исполнувањето на критериумите и се надеваме дека нив ќе ги исполни. Треба уште да се работи, изјавил Хан.