Балкан
1. July 2018 - 14:19

Хан утре во посета на Белград

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во еднодневна посета на Белград, соопшти српската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Медиумите објавуваат дека Хан во Белград ќе потпише договор за финансиска помош во рамки на претпристапните фондови (ИПА) за 2017 година, во износ од 42 милиони евра.

Според медиумите, се очекува еврокомесарот на српските власти да им ги повтори препораките на ЕУ дека „Србија има силна и реална ЕУ перпектива“, но и дека „брзината на напредокот на Србија во пристапните преговори зависи од напредокот во областа на владеењето на правото и нормализација на односите со Приштина“.