Македонија
18. January 2016 - 16:47

Хан: Партиите да се држат до договорот од Пржино и да договорат датум за избори

Одржувањето на изборите на 24 април е изводливо, но за тоа е потребен полички договор меѓу партиите. Европската комисија денеска го појасни својот став за разрешувањето на политичката криза и посебно во однос на тоа дали и кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори, што според договорот од Пржино се закажани за 24 април.
По утринската изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека е потребно политичките партии да се договорат за датумот на изборите, неговата портпаролка Маја Коцијанчич посочува дека е изводливо изборите да се одржат според договореното на 24 април, но дека за тоа е потребен меѓупартиски договор, а Брисел сака единствено тие да бидат фер.
- Прво и основно, сите лидери мора да останат посветени на договорот од јуни/јули во сите негови делови. Напредокот во спроведувањето е од витално значење во контекст на многу внатрешни и надворешни предизвици со кои се соочува земјата, како и со миграцијата. Ние жалиме што не можеше да се постигне консензус за датумот на изборите во петокот минатата недела, и покрај советите на ДИК дека договорениот датум во принцип е се уште изводлив, посочува Коцијанчич.
Претходно, еврокомесарот Хан, посочи дека е неопходно придржување до Пржинскиот договор. Комисијата оценува дека сега одговорноста е на политичките партии.
Хан потврдил дека 5 јуни бил термни во опција, но дека неговата поента е дека Европската комисиа ќе гарантира одржување на фер и слободни избори.