Македонија
21. December 2018 - 16:11

Хан: Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ

2025 година е амбициозна но не и недостижна цел за евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Доколку го реализира договорот со Грција Македонија има реални шанси да фати приклучок со Србија и Црна Гора, вели еврокомесарот Хан во интервју за германскиот весник Ханделсблат

„Моментално, според бројот на отворени поглавја, први се Србија и Црна Гора. Но, Македонија исто така има добри шанси да ги достигне откако ќе биде исполнет договорот со Грција.
Не би сакал да споменувам конкретни датуми, но 2030-ттата би било многу далеку за да се мотивираат земјите кандидати да ги зајакнат своите заложби“ – вели Хан и додава дека штом земјите испорачаат резултати и Брисел ќе треба да испорача нешто за нив.

Реализацијата на Договорот со Грција е во последната фаза. Конечната промена на името се очекува некаде на средината од првиот месец од идната година.