Балкан
21. January 2016 - 11:42

Хан: Косово има обврска да го продолжи дијалогот со Белград

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на денешното гласање за прифаќање на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Приштина во Европскиот Парламент, рече дека Косово има обврска да го продолжи дијалогот со Белград, пренесе Косова сот.

Хан, како што се наведува, рече дека Спогодбата за стабилизација на Приштина со ЕУ треба да ја прошири регионалната соработка и дека врз основа на неа Косово има обврска да постигне стабилно подобрување на односот со Белград, пренесува Танјуг.

Оваа спогодба, додаде Хан, е основниот принцип за подобрување на односот меѓу Белград и Приштина. сд/ссм/11:27