Свет
28. February 2017 - 9:05

Хан ја повика Турција да ги почитува нормите за добрососедски односи

Еврокомесарот за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан ја повика Турција да ги почитува нормите за добрососедство, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Повикот на Хан е одговор на писмото на грчкиот европратеник Никос Андрулакис во врска со турските активности во Егејското Море и нарушувањето на територијалните води и воздушниот простор на Грција.

Хан ја повика турската Влада да ги почитува своите обврски, кои произлегуваат од статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, а во таа смисла и на нормите за добрососедство, како и внатрешните судски процедури на земјите-членки.