Хамилтон победник на унгарското Гранд-при
Луис Хамилтон е победник на 12-тата трка во Формула 1 шампионатот односно унгарското Гранд-при.
Актуелниот шампион ја искористи пол-позицијата и со перфектно возење , но и голема помош од клупскиот колега Ботас,кој постојано го кочеше Себастијан Фетел од Ферари, возачот на Мерцедес стигна до својата петта победа сезонава, вкупно 67-ма во кариерата.
Иако во поголемиот дел од трката Ботас беше зад Хамилтон, сепак Финецот, не успеа до крај да го издржи притисокот на Фетел, а од нивниот меѓусебен контакт, најмногу профитираше Кими Раиконен кој стигна до третото место за клупскиот колега Фетел
Сега во генералниот пласман Хамилтон има 213 бода, Фетел е втор со 189, а по нив следуваат Раиконен со 146 и Борас со 132
По оваа трка следува пауза речиси од еден месец, односно до 26 август за кога е закажана трката за Големата награда на Белгија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар