Loading Video...
Свет
20. May 2021 - 20:04

Хамас предвидува прекин на огнот за ден - два, израелско-палестинските судири влегоа во 11 ден

Тековните напори на арапските земји предводени од Египет за прекин на огнот во конфликтот помеѓу Израел и Хамас ќе дадат резулат оваа недела. Веста дојде од високиот функционер на Хамас, Абу Марзук.

Таква најава од израелскиот премиер нема. Порака до Нетањаху за смирување на ситуацијата вчера стигнаа од силниот сојузник на Израел, САД, но премиерот не ја прифати и продолжи со воената операција на појасот Газа која влезе во 11 ден. 

Хамас возвраќа со ракети кон израелски градови.

За 10 дена, најмалку 227 лица, вклучително и над 100 жени и деца, се убиени во Газа, според Министерството за здравство. Израел соопшти дека меѓу убиените во Газа има најмалку 150 милитанти. Хамас не дава податоци колку од загинатите се борци. Во Израел се убиени 12 лица, вклучително и две деца.