Loading Video...
Тенис
9. јуни 2018 - 17:43

Халеп победничка на Роланд Гарос

 
 
Романката, Симона Халеп со неверојатен пресврт стигна до шампионскиот трофеј на францускиот Гренд слем,  Роланд Гарос. 
 
Првата носителка  иако во финалето против Американката, Стивенс (10) го загуби првиот сет со 3-6, сепак во продолжението Халеп играше на препознатливото за неа ниво, а ги доби следните два сета со  6-4 и 61, за конечни 2-1 во сетови. 
 
За Халеп ова е првата титула од Гренд слем турнирите, откако во своето прво финале во јануари месец годинава беше поразена од Каролине Возњацки на Австралија опен. 
 
Утре за трофејот кај мажите ќе се борат првиот носител Шпанецот, Рафаел Надал кој ќеатакува на 11-тиот трофеј во Париз и Австриецот, Доминик Тием (7) кој за прв пат игра во финале на турнирите од големата четворка.