Фудбал
3. јуни 2020 - 13:40

Хaланд може да го пропушти мечот со Херта поради повреда

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд може да го пропушти натпреварот од 30. коло од Бундеслигата против Херта поради повреда на коленото, јавуваат германските медиуми.

Претходно, Норвежанецот не можеше да игра на дуелот со Падерборн (6:1).

Фудбалерот го пропушти последниот тимски тренинг. Тој веројатно има истегнување на внатрешниот латерален лигамент на коленото.

Натпреварот Борусија – Херта е закажан за 6 јуни.

Деветнаесет годишниот напаѓач оваа сезона има 14 настапи за Борусија и постигнато 13 гола и остварено три асистенции.