-->
-->
Хакери нападнаа големи руски банки
-->
Руската Централна банка (РЦБ) пријави хакерски напади на одреден број поголеми банки во Русија, соопшти денеска прес-службата на РЦБ.
Станува збор за т.н. ДДоС напади, кои имаат цел да го преоптоварат сајтот, кој е цел на нападот, со голем број барања во исто време и со тоа да го урнат.
Серија моќни ДДоС напади беа организирани минатиот вторник од десетина земји врз Сбербанката, а слични напади претрпеле и Алфа банката, Московската банка, Росбанка и Московската берза.
Организацијата за борба против кибер кирминал ФинЦЕРТ регистрираше напади врз одреден број големи банки, при што пристапот до банкарските услуги не беше загрозен, а таа информација е проследена до службите за спроведување на законите, соопшти пре-службата на РЦБ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот