-->
-->
Гвардиола и Меси во Сити?!
-->
Шпанското радио Cadena COPE и неколку англиски медиуми, во петокот објавија дека Пеп Гвардиола од наредната сезона ќе го предводи Манчестер Сити. Според истите извори шпанскиот стратег веќе потпишал преддоговор со ’граѓаните’.
Гвардиола е еден од најбараните тренери во Европа, тој во моментов е актуелен тренер на минхенски Баерн, а договорот со Баварците му истекува наредното лето. Истите извори се сигурни дека доколку Гаврдиола замине, негов наследник на клупата на Баварците ќе биде Карло Анчелоти.
Информацијата за трансферот на Гвардиола во Сити доаѓа по неполни 24 часа, откако германските медиуми објавија дека тој се согласил да потпише нов двегодишен договор со Баерн, според кој ќе заработува 24 милиони евра по сезона.
Сеназационалните вести поврзани со Манчестер Сити не завршуваат со Гвардиола, Cadena COPE и англиските медиуми се сигурни дека од наредната сезона Лионел Меси ќе игра во Манчестер Сити.
Челниците на ’граѓаните’, му понудиле на Аргентинецот неделна плата од 800.000 фунти, односно 3,2 милиони фунти месечна плата (4,5 милиони евра). Наводно, Меси бил заинтересиран за оваа понуда, бидејќи сакал да замине од Шпанија, каде подолго време има проблеми со шпанските даночни власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати
-
Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси