Loading Video...
Свет
8. August 2022 - 16:34

Гутереш: Ризикот од нуклеарен конфликт се врати по децении

Гутереш: Ризикот од нуклеарен конфликт се врати по децении

По повеќе децении, опасноста од атомски конфликт е повторно присутна предупреди првиот човек на ОН. Антонио Гутереш  ги повика нуклеарните сили да се обврзат дека нема да користат нуклеарно оружје. осуди секакви напади врз атомски постројки како самоубиствен чин и повика да претстанат нападите врз најголемата европска нуклеарна централа.  Запорожје во јужна Украина  е погодена од серија гранатирања од минатиот петок при што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите. 

- Секој напад на нуклеарна централа е самоубиствена работа и се надевам дека тие напади ќе завршат, а во исто време се надевам дека МААЕ  ќе може да има пристап до централата и да ги  изврши своите мандатни надлежности, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Запорожје е под руски надзор од почетокот на март, но украинскиот персонал се уште управува со објектите.  Според Киев , руските напади  оштетиле делови од атомската централа и поради тоа еден од реакторите во неа е исклучен. Русија пак тврди дека  нукерларката рбаоти нормално и покрај укаинските гранатирања. Зеленски  бара нови санкции од Западот за Русија поради нападите во централата  а на Москва и порача  дека нема да има мировни преговори доколку одржи  рефендум во окупираните територии на неговата земја.  Порака до западот упати и Москва со барање да ги убедат украинците да престаната со нападите на нуклераната централа.

Мирува оружјето во Израел и во појасот Газа, примојрето се почитува

Израел повторно го отвори граничните премини со  Појасот Газа и почна да ги укинува ограничувањата наметнати на жителите на областа  во близина на границата, по вчера постигнатото примирје со  милитантната  група Палестински исламски џихад во појасот Газа.. Примирјето постигнато со посредство на Египет уследи по  56 часовен конфликт во кој беа убиени најмалку 44 палестинци  меѓу кои 15 деца. Израел не пријави жртви. Он ги повикаа двете страни да продолжат да го почитуваат прекинот на огнот.

Пекинг со нови вежби околу Тајван,вежбаме на сопствената територија

Кина синоќа ги завриши своите најголеми воени вежби досега околу Тајван и веднаш објави нови  маневри околу островкската земја. Војската  ќе  вежба да изведува напади против подморници и наапди по море. Тајван е дел од Кина и Кина спроведува воени вежби „на своја територија“ на отворен, транспарентен и професионален начин соопшти Кинеското Министерство за надворешни работи . Властите во Тајпеј  ја осудија кинеската одлука за продолжување на воените маневри, велејќи дека „Пекинг сè уште намерно предизвикува криза и континуирано провоцира  со изјавите дека Тајван е дел од Народна Република Кина.