Свет
22. October 2020 - 9:06

Грузија: Ослободени 43 заложници, напаѓачот во бегство

Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека 43 заложници се ослободени од филијалата на Банка на Грузија во градот Зугдиди, а напаѓачот побегнал.

Напаѓачот се уште е на слобода, а со себе земал и тројца заложници.

Неидентификуван вооружен маж вчера упадна во филијала на Банка на Грузија и зеде заложници.

Според локални медиуми тој барал половина милион долари.