Македонија
16. August 2020 - 15:54

Групна тепачка во Скопје

Вчера на ул.„Нагоричанска“ во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу повеќе лица. Како што соопштуваат од МВР:

„На 15.08.2020 околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Нагоричанска“,  О.С.(24), Р.С.(20) и Н.Ѓ.(30), сите од Скопје, физички ги нападнале Б.П.(27), Љ.П.(58), М.П.(32), Д.П.(33) и В.Н.(24), сите од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.