-->
-->
Група штипјани нападнале полициски службеници
-->
На 6 август годинава околу 1 часот и 30 минути на улицата „Кирил и Методиј“ во Штип двајца полициски службеници додека извршувале службено дејствије забележале како поголема група на лица сакале физички да се пресметаат. Полицајците презеле службени мерки за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, но едниот полициски службеник бил физички нападнат од М.Д.(56), неговиот син Д.Д.(18) и А.М.(38) по што го напуштиле местото на настанот. По кратко време М.Д. и Д.М. се пронајдени и приведени и со нив е извршен разговор, додека по А.М. се уште се трага. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители